Еколошката акција за засадување дрвја и уредување на јавните површини во градот Гостивар беше успешно реализирана, при што се потврди одличната соработка и високото ниво на посветеност кон заштитата на животната средина.
Во оваа активност активно учество зедоа вработените од администрацијата на ЈП „Паркинзи и Зеленило“, кои со својот ангажман придонесоа во организацијата и реализацијата на акцијата.
Исто така, во акцијата учествуваа и вработени од администрацијата на Општина Гостивар, претставници на други јавни претпријатија, како и голем број граѓани.
Меѓу присутните беа и директорот на претпријатието, г. Бурим Емрули, како и градоначалникот на Општина Гостивар, г. Валбон Лимани, кои ја поддржаа оваа иницијатива од значење за градот.
Оваа акција има за цел подобрување на јавните површини, зголемување на зеленилото и подигнување на свеста за зачувување на животната средина.
Фотографии од акцијата кои го отсликуваат ангажманот, соработката и позитивните резултати постигнати заедно.







